Утрински Весник
Македонија

Четириесет и шест годишна жена од Јажинце почината поради Ковид-19, регионот со нови 11 случаи

Четириесет и шест годишна жена од Јажинце почината поради Ковид-19, регионот со нови 11 случаи

Тетово, 10 јуни 2020 (МИА) – Центарот за јавно здравје Тетово информира дека поради Ковид-19 почината е 46-годишна жена од населеното место Јажинце при општина Јегуновце, која воедно имала и хронични болести. Таа е 26-тата почината поради Ковид-19 во тетовскиот регион.

-На поширокото тетовско подрачје бележи 11 нови случаи, од кои шест се во рамки на општина Тетово, три во општина Јегуновце и по еден случај во Боговиње и Желино, информираше Зорица Зафироска, специјалист по епидемиологија при Центарот за јавно здравје.

Тетовскиот регион сега бележи вкупно 312 случаи со коронавирус. Оздравени се 141, а активни случаи се 146. ас/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Родители на загинатите во Кочани: „Мицкоски ни рече да си ставиме цена на децата!“

(Фото) Камион вечерва гори на автопатот Скопје – Тетово

(Фото) Камион вечерва гори на автопатот Скопје – Тетово