Утрински Весник
Култура

Четврта нагрда за филмот „Хомо“ на меѓународни фестивали

Четврта нагрда за филмот „Хомо“ на меѓународни фестивали

Најновото признание за долгометражниот игран филм „ХОМО“ (анг. „Only Human“) доаѓа од Waterfront Фестивалот на Интернационален Филм во Лаваса Индија, каде Игор Иванов ја освои Наградата за најдобра режија.

„ХОМО„ Светската премиера ја доживеа оваа година, на 51. ГОА ИФФ Индија, Европската премиера во рамките на 25. ИФФ Софија и Македонската – на СИНЕДЕЈС. До сега го прикажаа преку десет фестивали во Канада, САД, Велика Британија, Индија, Романија, Србија, Бугарија, а доби награда и на фестивалите Gbeck Future Film Festival – Награда за Најдобар Филм, WorldFest-Houston International Film Festival – Бронзена Реми Награда и IndieFEST Film Awards – Награда за Извонредност Специјално Признание.

„ХОМО“ е приказ на апсурдот на судбината, претставен низ уникатните животни приказни на шест главни ликови. Во ова филмско дело, режисерот го соочува обичниот човек со загрижувачките состојби на нехуманост, алчност и суровост – состојби кои тивко, но полека го уништуваат општеството. Филмот прикажува шест лица, шест состојби во луцидно поврзани епизоди проткаени со црн хумор.

Сценариото за филмот го напишаа Игор Иванов – Изи и Сашо Кокаланов, директор на фотографија е Маја Радошевиќ, сценограф е Кирил Спасески, костимографијата е на Полонца Валентинчиќ, шминката е на Аленка Нахтигал, снимател на звук Борис Трајанов, монтажа Мартин Иванов. Продуцент на филмот е Томи Салковски, а ко-продуценти се Мирослав Могоровиќ (Арт енд попкорн, Србија), Галина Тонева (Гала Филм, Бугарија), Лумбард Кукај (Триггер, Косово) и Бојан Мастиловиќ (Иридиум Филм, Словенија). ХОМО е финансиски поддржан од Агенцијата за Филм на Република Северна Македонија, Националниот филмски центар на Бугарија, Филмскиот центар на Србија, Косовскиот центар за кинематографија и од Словенечкиот филмски центар.

Во филмот играат: Александар Матовски-Цако, Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Јордан Симонов, Мајлинда Косумовиќ од Косово, Сашко Коцев, Оливер Митковски, Сергеј Димовски, Јоана Буковски од Бугарија, Себастијан Каваца од Словенија, Јелена Јованова, Мони Дамевски, Мартин Манев, Славиша Кајевски.

Текстот Четврта нагрда за филмот „Хомо“ на меѓународни фестивали е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“