Утрински Весник
Македонија

Четворица пациенти се лекуваат во штипското Инфективно одделение

Четворица пациенти се лекуваат во штипското Инфективно одделение
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Штип, 6 мај 2020 (МИА) – Во Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип хоспитализирани се четворица пациенти заразени со коронавирус. Директорот на болницата, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека пациентите се во добра здравствена состојба, еден од нив веќе го има првиот негативен тест, а по 48 часа се очекува да се направи и вториот тест.

-Доколку се добие и вториот негативен тест и тој ќе влезе во бројката на излекувани пациенти. Пациентите кои се на Инфективното одделение се во добра здравствена состојба. Двајца пациенти се од Пехчево и двајца се од Кочани, вели Ѓеорѓијев.

Тој посочи дека инфектолозите постојано следат и четиричлено семејство од Штип, кои се на домашно лекување.

-Сите се во добра здравствена состојба и тоа се пациенти, кои секојдневно ги контактираме, вели Ѓеорѓијев.

Во штипскиот регион регистрирани се 34 случаи, од кои двајца се починати. Над 80 отсто од случаите се веќе влезени во бројката на излекувани, меѓу кои и здравствените работници, кои веќе се на своите работни места. вдј/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе