Утрински Весник
Свет

Четворица загинати во експлозија во фабрика за оружје во Романија

Четворица загинати во експлозија во фабрика за оружје во Романија

Во експлозија во фабрика за оружје во јужна Романија загинаа четири лица, а четворица се повредени, јавуваат локалните медиуми.

Експлозијата, како што пишуваат медиумите, била предизвикана од противпешадиска мина.

Жртвите, според последните извештаи, се тројца мажи и една жена.

Можете да прочитате

Италија ги намалува даноците на горивата

Проектил погодил брод во близина на Катар

Путин праќа морнарица да ги придружува руските танкери за нафта во Средоземното море