Утрински Весник
Македонија

Честитка од Талат Џафери по повод Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј

Џафери: Немам проблем со поништувањето на лустрацијата

Скопје, 24 мај 2020 (МИА) – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери упати честитки по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.

– Ви посакувам срдечни желби за личен напредок и колективно негување на нивната мисија и дела со кои направија епохално влијание врз описменувањето, развојот и културното издигнување на словенските народи, затоа што нивниот неуморен труд и придонес кој ги одбележал нивните животи, е значаен не само за Македонците, туку и за сите народи кои припаѓаат и ја негуваат словенската култура и јазици. Преку описменувањето и ширењето на нивното учење, тие овозможиле голем историски напредок и изградиле цела култура која и денес живее и се развива. Културите се белег на човечкиот род и затоа треба да се негуваат и почитуваат како богатство од непроценлива вредност кое насочено во позитивна насока, може да донесе само развој и напредок, се вели во честитката од Џафери. цр/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Над 40 тони необележани јајца од Србија уништени на Дрисла

Облачно со врнежи во источните делови

Врнежи од снег со слаб интензитет на Попова Шапка, сообраќајот се одвива непречено