Утрински Весник
Македонија

Честитка од градоначалникот Коцевски повод 8 Април Меѓународниот ден на Ромите

Честитка од градоначалникот Коцевски повод 8 Април Меѓународниот ден на Ромите

Велес, 8 април 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски во името на општинскиот Совет и во свое лично име, до припадниците на ромската етничка заедница во оптината упати искрени честитки по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април.

Ромската етничка заедница со нејзините културни специфичности, цврстата определеност за соживот и меѓусебното почитување е важен дел од хуманиот развој на нашето општество и демократијата, потенцира Коцевски во честитката.

Тој информира дека Општина Велес во континуитет спроведува одржливи активни мерки со цел подобрување на животниот стандард на сограѓаните Роми.

-И натаму ќе се заложуваме за зајакнување на социјалната и економска вклученост на Ромите во вкупните општествени текови, за унапредување на принципите на еднаквост, солидарност, недискриминација и заштита на човековите права на Ромите, стандарди кои Општина Велес ги почитува и применува, најави Коцевски. ад/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Полицаец побарал и примил поткуп за да не собере возило со „Пајак“

Нова опрема на ФЕИТ за унапредување на заштитата на медицинските лица од јонизирачко зрачење

Притвор за маж од Естонија осомничен за силување на 14-годишно дете