Утрински Весник
Македонија

Честитка за Велигден од МД „Илинден“ и МАЕИ

Честитка за  Велигден од МД „Илинден“ и МАЕИ

Дебар,18 април 2020 (МИА) – Македонското друштво „Илинден“-Тирана и македонската партија Македонска алијанса за европска интеграција,МАЕИ, упатија честитка по повод верскиот празник Велигден до поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан и до православните верници.

– Дозволете ми во мое лично име, во име на Македонското друштво „Илинден“ на сите Македонци кои живеат во Република Албанија, на Вашето свештенство и на сите православни верници, да ви го честитаме големиот Христијански празник Воскресението Христово – Велигден. Радувајќи се на Воскреснието Христово – Велигден,да се помолиме и да си посакаме убави празнични денови, а убавите мисли и дела, честа и достоинственоста да не следат и да се постојано со нас и оваа година во која сме
соочени со сериозен предизвик,кој ни потврди дека сите сме еднакви,- се вели  во честитката од МД„Илинден“ потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

Честитка по повод Велигден упати и партијата на Македонците,Македонска алијанса за европска интеграција со желби за здравје,спокој и благосостојба.

-Чествувањето на Празникот над празниците,Христовото воскрсение Велигден е дел од нашето духовно и национално богатство,кој овој пат го одбележуваме во многу поразлични услови од до сега. Да посакаме Бог да им помогне на болните и да им даде сила на здравствените работници,кои се на првата линија во борбата против невидливиот непријател,Ковид-19. Ви посакуваме и во вакви околности празнувањето на овој светол ден кој е темел на нашата вера и не учи на заедништво, да си помагате еден со друг и да
го почитувате семејството и блиските и да ја имате силата која ви ја дава верата,стои во честитката на МАЕИ.

Како што информираше отец Алексо Темелко во чест на Христовото Воскресение-Велигден богодлужба ќе се одржи во црквата „Св. Архангел Михаил” во Пустец.

Поради забраната за движење што во Албанија  почна вчера од 17:30 и ќе трае до понеделник до 5:00 часот,како и забрната за групни собирања и апелот на Албанската православна афтокефална црква верниците Христовото воскресени да го дочекаат дома, службата ќе биде одржана само во присутво на сослужители.вт/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Фото) Целиот состав на новиот Централен одбор на СДСМ

Трпезата за Нова година ќе биде поевтина? Се подготвува празнична потрошувачка со над 500 производи

КАКО ДА СМЕ ЈАНУАРИ, А НЕ НОЕМВРИ: Рано утринава во Македонија измерени дури -12 степени!