Утрински Весник
Култура

Чествување на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески во седиштето на УНЕСКО

Чествување на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески во седиштето на УНЕСКО
Dik 300x250 mk

Во седиштето на УНЕСКО во Париз, Франција, денеска во 16 часот ќе се одржи настан во чест на 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската култура Блаже Конески, јубилеј кој е дел од календарот на важни меѓународни јубилеи на УНЕСКО.

Во рамките на настанот, со кој се прославува и Светскиот ден на поезијата – 21 Март, ќе биде соопштен лауреатот на годинашното, 60. издание на „Струшките вечери на поезијата“, како и добитникот на наградата „Мостови на Струга“, која се доделува во соработка со УНЕСКО.

По тој повод, со видеопорака ќе се обратат министерката за култура Ирена Стефоска и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Настанот е дел од Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески”, која се реализира под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, Министерството за култура, во соработка со Министерството за образование и наука.

Со организирањето на овој настан, се враќа некогашната традиција со која одбележувањето на Светскиот ден на поезијата и соопштувањето на добитникот на „Златен венец“, највисокото признание на Струшките вечери на поезијата, како и на добитникот на „Мостови на Струга“, награда за најдобра дебитантска поетска книга под покровителство на УНЕСКО, се реализираат токму во Париз, во седиштето на оваа престижна Организација за образование, наука и култура при Обединетите нации.

Во прилог е линкот каде што може во живо да го проследите настанот  https://youtu.be/i0CzJURAbs0.

Текстот Чествување на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески во седиштето на УНЕСКО е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“