Утрински Весник
Свет

„Чернобил“ падна – Русија ја презеде украинската нуклеарна централа

„Чернобил“ падна – Русија ја презеде украинската нуклеарна централа

Сè повеќе има информации дека руската армија ја презела нуклеарната централа во Чернобил, која се наоѓа недалеку од границата со Белорусија.

Информацијата ја потврди Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„По жестока битка, изгубивме контрола над ‘Чернобил’. Состојбата на нуклеарната централа и складирањето на нуклеарниот отпад не се познати“, рече тој.

Украинскиот уредник и новинар Метју Купфер ја сподели својата изјава на „Твитер“.

Новинарката од Белорусија, Хана Љубакова, на „Твитер“ објави дека руските сили ја презеле нуклеарната централа „Чернобил“. Работници во електраната се заробени, пишува Љубакова.

Истата информација ја објави Христо Грозев, наградуван истражувачки новинар и извршен директор на истражувачката веб-страница „Белингкет“.

Претходно, украинскиот претседател објави дека руските сили ја напаѓаат областа Чернобил.

„Руските окупациски сили се обидуваат да ја освојат нуклеарната централа ‘Чернобил’. Нашите војници ги даваат своите животи за да не се повтори трагедијата од 1986 година. Го пријавив тоа кај шведскиот премиер. „Ова е објава на војна на цела Европа“, напиша Зеленски на „Твитер“.

Во текот на ноќта ескалира кризата во Украина. Рускиот претседател Владимир Путин рано утринава најави почеток на специјална воена акција, а потоа во цела Украина почнаа да пристигнуваат извештаи за гранатирање, која набргу објави дека почнала инвазија на нејзина територија.

Извештаите исто така велат дека Русите се на 15 километри од Киев, а НАТО распоредува дополнителни сили на исток и има 100 авиони на готовс. Кремљ во четвртокот објави дека воената операција против Украина ќе трае онолку колку што е потребно.

Можете да прочитате

Трамп најави нови царини – стапуваат на сила на 1 август

Голем број земји ги предупредуваат своите граѓани за ризици од патување во САД

Над 20 повредени откако автобус „Фликсбус“ (Flixbus) се преврте во северна Германија