Утрински Весник
Свет

Чернихив без вода, парно и струја

Чернихив без вода, парно и струја

Размерите на уништувањето на украинскиот град Чернихив се такви што жителите во моментов се без вода, греење и струја, додека руските војници го стегаат обрачот околу градот на северот на земјата, пренесува ДПА.

Инфраструктурата на градот е уништена, но во тек се напори да се санираат штетите, напиша регионалниот лидер Вјачеслав Чаус. Снабдувањето со гас е делумно оперативно, додаде функционерот.

Руските војници веќе некое време го држат градот под опсада. Клучниот пат од градот до Киев се наоѓа во близина на руската и белоруската граница. Според градоначалникот Владислав Атроженко, во последните недели биле убиени околу 200 цивили, а повеќе од половина од поранешните 250.000 жители побегнале.

Можете да прочитате

ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД МАДУРО ЗАД РЕШЕТКИ: Насмеан позира од затворот во Њујорк

Хамнеи ги повика земјите од Персискиот Залив да се обединат против „вистинскиот непријател“

Најмалку 750 мртви во поплавите и лизгањето на земјиштето во Непал, властите предупредуваат за зголемување на нивоата на реките