Утрински Весник
Спорт

Челси на „мускули“ против второлигашот Норич (видео)

Челси на „мускули“ против второлигашот Норич (видео)

Екипата на Челси, потешко од очекувањата, славеше минимална победа од 1-0 против веќе членот на Чемпионшип, Норич во рамки на 36 коло во Премиерлигата.

Избраниците на Френк Лампард се радуваа на трите бода што ги зацврстија на третата позиција на табелата, но менаџерот сигурно не може да биде задоволен од изданието на својата екипа.

Единствениот гол беше дело на Жиру, со глава од непосредна близина, по асистенција на Пулишиќ, во третата минута од судиското надополнување во првото полувреме.

Инаку, „сините“ упатија 21 удар кон голот на „канаринците“, од нив само 5 во рамките на голот.

Сега Челси има 63 бода, 4 повеќе од Лестер и Манчестер Јунајтед кои се зад него, со меч помалку од лондонската екипа.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Дресот на Пеле од финалето на СП 1958 продаден за 4.8 милиони долари

Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар

Тенисерките примиле над 12.000 навредливи пораки на социјалните мрежи