Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Челси му должи на Роман Абрамович фантастични 1.5 милијарди фунти!

Челси му должи на Роман Абрамович фантастични 1.5 милијарди фунти!
300x250 opst2

Долгот на фудбалскиот клуб Челси кон сопственикот Роман Абрамович ја помина границата од 1.5 милијарди фунти, откако рускиот милијардер минатата сезона повторно внесе огромна количина на кеш во клубот, јавува британскиот „Тајмс“.

Според сметководствените податоци на компанијата „Фордстам лимитед“, татковската компанија на Челси, 55-годишниот Абрамович му „позајмил“ на клубот 19.9 милиони фунти, со што вкупниот долг е неверојатни 1.514 милијарди фунти.

Со последната инјекција на средства, Челси ги поминаа Манчестер јунајтед и Ливерпул со висината на платите кои ги исплатија и покрај тоа што имаа загуба од 155.9 милиони фунти. Челси исплати 17.5 отсто повисоки плати минатата сезона од таа во 2019/20, за одлични 333 милиони фунти годишно, а зголемувањето дојде поради бонусот поради освоената Лига на шампиони.

На почетокот на минатата сезона, Челси исто така влегоа остро на пазарот на играчи, давајќи 222 милиони фунти на Каи Хаверц (71 милиони фунти), Тимо Вернер (48 милиони фунти), Бен Чилвел (45 милиони фунти), Хаким Зијеш (36 милиони фунти) и Едуар Менди (22 милиони фунти).

Долгот на Челси кон Абрамович би требало да се исплати преку компанијат „Кемберли интернешнл инвестментс“, една од компаниите под контрола на Русинот. Но, бидејќи официјално позајмиците се од самиот сопственик на клубот, Челси се еден од ретките клубови кои не должат на банки и Абрамович би можел да ги врати парите ако реши да го продаде клубот.

> Челси му должи на Роман Абрамович фантастични 1.5 милијарди фунти! <

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица