Утрински Весник
Спорт

Челси е клубот на годината на „Франс фудбал“

Челси е клубот на годината на „Франс фудбал“
Ss2

Европскиот шампион Челси е прогласен за „клуб на годината“, во новата награда која ја доделува „Франс фудбал“, организаторите на „Златната топка“, откако „сините“ од Лондон минатата сезона стигнаа до својата втора титула од Лигата на шампионите.

Под водство на германскиот тренер Томас Тухел, кој пристигна во Лондон на половина сезона, Челси не само што успеаја да бидат во топ 4 во англиската Премиерлига, туку и во англиското финале во Лигата на шампионите ги совладаа своите ривали Манчестер сити, а во моментов се на првото место во својата лига.

300x250 (7)

Челси до наградата доаѓа пред аргентинската репрезентација, која ја освои Копа Америка изминатото лето, како и италијанската репрезентација, која триумфираше на ЕУРО 2020.

> Челси е клубот на годината на „Франс фудбал“ <

Ss1

Можете да прочитате

Јокиќ по поразот од Минесота: Би сакал да имам клон за да можам малку да одморам

Лука Модриќ ја испиша историјата на Реал Мадрид

Пол-позицијата на Ферстапен во Мајами