Утрински Весник
Спорт

Челси без Лукаку против Реал

Челси без Лукаку против Реал

Ромелу Лукаку не е во комбинација за тимот на Челси против Реал Мадрид. „Сините“, во вторник, ќе го одиграат четврт-финалниот реванш. Првиот меч во Лондон им припадна на Реал со 3:1.

Менаџерот на челси, Томас Тухел, објаснил дека Белгиецот „чувствува голема болка“, без конкретно да го открие проблемот. Покрај Лукаку, Челси ќе биде без Бен Чилвел и Калум Хадсон-Одои.

Лукаку, првиот натпревар со Реал го започна како резерва, на теренот влезе во 64.минута. Имаше една голема шанса, но од изгледна позиција не успеа да постигне гол.

Ромалу Лукаку, минатото лето се врати во Челси, но не успеа да се снајде во системот на Томас Тухел.

Во Премиер лигата последен пат бил стрелец на 29.декември.

> Челси без Лукаку против Реал <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина