Утрински Весник
Спорт

„Челичниот“ во кафез – дали Тајсон се подготвува за ММА меч?

„Челичниот“ во кафез – дали Тајсон се подготвува за ММА меч?

Поранешниот апсолутен светски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон ги зголеми шпекулациите дека следниот дуел ќе му биде во ММА кафезот, откако 54-годишниот ветеран сподели . во кое спарингува во октагонот.

Тајсон се врати по долгогодишната пауза за егзибициски меч во осум рунди против Рој Џонс Јуниор во ноември, меч кој заврши нерешено и првилече огромен број на пеј-пер-вју гледања. По ова се зголемија шпекулациите дека неговиот следен меч ќе биде во кафезот, а неговио тренер, славниот бразилски ММА стручњак, Рафаел Кордеиро ги зголеми шпекулациите со ова ..

„Тигарот Мајк Тајсон е во кафезот. Пазете се!“, напиша Кордеиро со .то.

Претходно, Тајсон ја опишуваше УФЦ федерацијата како „секси“, но секогаш инсистираше дека парите се подобри во боксот.

„ММА ќе има повеќе гледања на Интернет и повеќе интерес, но боксот секогаш ќе носи повеќе пари за фајтерите отколку ММА“, вели Тајсон.

View this post on Instagram

A post shared by Rafael Cordeiro (@kingsmma_hb)

> „Челичниот“ во кафез – дали Тајсон се подготвува за ММА меч? <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

О’Саливен испиша историја во снукерот

Рекордни 60 поени на Дончиќ во дресот на Лејкерс

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко