Утрински Весник
Македонија

Чајџилница во Врапчиште послужувала гости во време на полициски час

Побарани казни за уште тројца прекршители на полицискиот час во Скопје​

Скопје, 6 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Гостивар денеска поведе постапка и поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица кои го сториле кривиното дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, информираат од Јавното обвинителство.

Еден од нив е обвинет, бидејќи не ги почитувал донесените мерки за заштита од ширење и спречување на заразната болест предизвикана од Ковид-19. Тој како сопственик на угостителски објект во село Врапчиште бил затекнат во чајџилницата како послужува гости.

Останатите тројца обвинети, како што соопштија од обвинителство, се товарат дека не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Тие во одделни кривично правни настани се движеле низ Гостивар и со тие дејствија го сториле кривичното дело.

За сите обвинети, гостиварското обвинителство од судот побара да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби.​ оџ/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина