Утрински Весник
Спорт

Чави (сепак) ќе биде новиот тренер на Барселона

Чави (сепак) ќе биде новиот тренер на Барселона

Барселона успешно ги завршила преговорите со Ал Сад и во текот на денот ќе го промовира Чави Ернадез во нов тренер, тврди каталонски „Спорт“.

Ал Сад немаше намера да се откаже од тренерот, меѓутоа пресудил состанокот кој синоќа го имал Чави со шеикот Мохамед бин Калиф Ал Тани.

„Спорт“, пишува дека Чави, во текот на денот, заедно со високите функционери на Барселона, Рафа Јусте и Матеу Алемани, ќе се врати во Барселона. Тој веднаш ќе биде промовиран во нов тренер.

Јусте и Алемани, од вторникот, во Катар преговараа со Ал Тани.

И покрај тоа што ќе биде назначен за нов тренер, Чави, нема да ја предводи Барселона во Виго против Селта.

Чави ќе дебитира за две недели, кога ќе заврши репрезентативната пауза, во градското дерби со Еспањол.

> Чави (сепак) ќе биде новиот тренер на Барселона <

Можете да прочитате

Тешка вечер за македонските младинци: Италија победи со 4:0

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Данска по полуфиналето на плејофот за Мудијалот 2026

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења