Утрински Весник
Спорт

Чави: Не ми се јасни Дембеле и неговиот менаџер

Чави: Не ми се јасни Дембеле и неговиот менаџер

Денес истекува ултиматумот што му го постави Барселона на Усман Дембеле. Барселона нема намера да ги исполни мегаломанските барања на менаџерот на фудбалерот.

Тренерот на Барселона Чави, тврди дека доколку Дембеле не ги прифати условите кои му се понудени, тогаш ќе биде продаден до крајот на преодниот рок.

„Не можеме повеќе да чекаме. Или ќе го продолжи договорот или ќе најдеме решение како да замине до крајот на јануари. Што и да се случи, проблемот мора да се реши. Не размислувам за опцијата да го испратам на трибините. Тој ми кажа дека сака да остане и сега не ми е јасно зошто не сака да го продолжи договорот“, рекол Чави и дополнил.

„Јасно ви е за што станува збор. Ако не потпише ќе го продадеме. Не ми е јасно што зборува неговиот менаџер. Од друга страна Дембеле тврди дека сака да остане. Навистина не ги разбирам“.

> Чави: Не ми се јасни Дембеле и неговиот менаџер <

Можете да прочитате

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија