Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ЦУК: Активен пожарот во атарот на с. Будинарци, гори уште на неколку локации

ЦУК: Активен пожарот во атарот на с. Будинарци, гори уште на неколку локации
300x250 opst2

Според информaциите на Центарот за управување со кризи утрово до 8 часот пожарите кои беа на две локаии с.Трботивиште-Нов Истевник м.в.Света Вода и с.Разловци, општина Делчево се во потполна контрола и нема никаква опасност од нивно ширење. Екипи кои набљудуваат кои се на местата на пожарот кога ќе се појави некое жариште во изгорениот дел веднаш реагираат од евентуално проширување.
Во општина Берово суште е активен пожарот на потегот Будинарци-Митрашинци каде што гори борова шума. Екипите што беа на терен се повлекуваат за да во раните утрински часови повторно ќе излезаат на терен. Ќе останаат набљудувачи што ќе ја следаат состојбата, а доколку има потреба да се мобилизираат останатите екипи. Загрозени села од пожарот во моменот нема.
Според известувањето од ТППЕ Штип, во 12:00 часот добиле дојава за пожар кој избувнал во атарот на с. Драгоево и с.Селце во општина Штип каде гори сува трева, смрека и нискостеблеста шума. Пожарот е сеуште активен велат од ЦУК, а со гаснењето ќе се продолжи во текот на денешниот ден.
Во Скопскиот регион, пожарот кај Раовиќ– Буковиќ се движи кон сртот, нема опасност за селата, гори мешана шума и е на доста непристапен терен. На место на пожарот е отидена екипа од БППЗ на Град Скопје. Остварен е контакт со одговорно лице од Ловиштето- Јасен кој пренел дека пожарот е до сртот, тие на лице место имаат 8 луѓе кои прават напор да се задржи огнот. Гори мешана шума, смрека, висока трева, и доколку го смени правецот луѓето ќе бидат во опасност, напоменуваат надлежните.
Во врска со пожарот кај Катланово, односно Дивље и Крушје, поради интевенција од воздух, гасењето од земја било оневозможено. БППЗ на терен се со 1 возило и 5 пожарникари, а екипата од ШС Караџица целосно е повлечена.
Во текот на вчерашниот ден повторно е реактивиран пожарот кај с.Топлица, општина Прилеп, покрај магистралниот пат Прилеп-Градско. Според последните информации реактивираниот пожар се движи кон атарот на село Крстец. Гори дабова и букова шума и сува трева. На локацијата на пожарот делувано е и од воздух (1 налет на канадер), но пожарот е сеуште активен. Утрово во гаснењето на пожарот интервенираат 3 пожарникари со 1 Пп возило и 5 вработени од ЈП ,,Црн бор“-Прилеп.
Од ноќеска повторно е активен пожарот во атарот во с. Дренк ( на тромеѓа помеѓу с.Дренк -Жељубино- Аљинце). Екипата на ТППЕ со 1 теренско возило и 5 пожарникари интервенира од 20,30 часот со напртњачи, во интервенцијата учествуваат и 2 мештани. Екипата е сеуште на терен и работат на негово гаснење.

Можете да прочитате

Тројцата обвинети за загадување од Вардариште признаа вина, им се заканува казна затвор од три месеци до три години

Катка Божиновска: Вреди да се бориме за Тетово!

Филипче: Македонија е нашиот дом, да се избориме за достоинствен живот на граѓаните