Утрински Весник
Спорт

ЦСКА Москва е петтиот тим кој се пласираше во плејофот на Евролигата

ЦСКА Москва е петтиот тим кој се пласираше во плејофот на Евролигата

Атина, 6 март 2020 (МИА) – ЦСКА Москва стана петтиот тим во плејофот во кошаркарската Евролига, откако Русите победија со јасни 97:66 (32:22, 16:16, 17:13, 32:15) против Панатинаикос во Атина. Така, московјаните се приклучија на елитното друштво на Анадолија Ефес Истанбул, Реал Мадрид, Барселона и Макаби Тел Авив, кои веќе имаат квотиа за елиминации.

Минатогодишните шампиони го надиграаа ПАО во првата четвртина и не само што не го загубија водството до крајот, туку и го зголемија за 31 поен. Дарен Хилиард беше прв стрелец со 21 поен по пет тројки, а Мајк Џејмс постигна 18 против својот поранешен клуб. Кајл Хајнс го заврши натпреварот со 13 поени и осум скокови, а тројца негови соиграчи беа со двоцифрени индикатори по последната сирена.

Дешон Томас има постигнато 12 поени за ПАО, кои загубија шест од последните седум натпревари и имаат скор 14/14. ЦСКА Москва е со 19/9.

Натпревари од 28 коло во редовната сезона од машката кошаркарска Евролига:

Зенит Санкт Петербург (Русија) – Жалгирис Каунас (Литванија) – 76:75
Панатинаикос (Грција) – ЦСКА Москва (Русија) – 66:97
Реал Мадрид (Шпанија) – АСВЕЛ Лион (Франција) – 87:78
Валенсија (Шпанија) – Армани Милано (Италија) – 81:83

подоцна денес:
Химки (Русија) – Фенербахче (Турција)
Анадолу Ефес (Турција) – Олимпијакос (Грција)
Црвена звезда (Србија) – Макаби Тел Авив (Израел)
Барселона (Шпанија) – Баерн Минхен (Германија)
Баскија (Шпанија) – Алба Берлин (Германија)

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра