Утрински Весник
Спорт

Кари се врати во игра, Голден стејт повторно поразен

Кари: Моето враќање беше планирано за 1 март

Оукланд, 6 март 2020 (МИА) – Еден од најдобрите бек-шутери на денешницата, Стеф Кари се врати на терените по долга пауза во поразот на својата екипа Голден Стејт Вориорс.

Кари веќе ја излечи повредата на раката и се врати во поразот на воините дома од 113:121.

Тој одигра 27 минути, дури и повеќе од очекуваното, и за тоа време имаше одлични 23 поени и седум скока и асистенции, но со 6/16 од игра.

Норман Пауел имаше феноменален натпревар со 37 поени (13/20), одличен беше Кајл Лаури со 26 поени и десет асистенции, а Паскал Сикам додаде 17 поени и пет успешни додавања и скокови.

Покрај Кари во тимот од Сан Франциско се издвојуваат Демиан Ли со 23 поени, Ендру Вигинс со 21 и Маркиз Крис со „дабл-дабл“ од 17 поени и 12 скокови.

Резултати от НБА

Шарлот – Денвер – 112: 114
Хјустон – ЛА Клиперс – 105: 120
Сакраменто – Филаделфија – 108: 125
Голден Стејт – Торонто – 113: 121

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вардар ја пречекува Висла во обид да дојде до првите бодови сезонава во ЛШ

Ајкула, заробена во крајбрежен парк во Јужна Кореја, не сака да си замине, стана вистинска туристичка сензација

Ѓоковиќ ја продолжува серијата – без пораз ја освои титулата во Пекинг