Утрински Весник
Свет

Црна Гора испрати воена помош во Украина

Владата на Црна Гора денеска испрати воена и хуманитарна донација за Украина во вредност од 400 илјади евра.

„Одговарајќи на барањето на Украина за помош во кризната ситуација предизвикана од руската агресија врз таа земја, Црна Гора испрати воена и хуманитарна донација за пријателска Украина“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за одбрана.

Беше посочено дека Црна Гора, во координација со другите европски партнери и сојузниците во НАТО, ќе продолжи да ја поддржува Украина во нејзините напори успешно да одговори на сите предизвици со кои се соочува поради руската воена агресија.

Црна Гора претходно се приклучи на сите санкции што ЕУ ги воведе кон Русија, а по проценката на црногорските безбедносни служби протера вкупно 5 руски дипломати кои беа ангажирани во руската амбасада во Подгорица.

Црногорската амбасадорка во Украина, Драгица Понорац, пред два дена се врати во Киев, каде во последните недели се вратија амбасадори од неколку други земји.

Можете да прочитате

Кинезите објавија бесплатен модел на вештачка интелигенција кој хакира заштитени мрежи без никакви проблеми

Партијата на Нетанјаху: Арапските партии ги украдоа изборите

Два брзи воза се судрија во Шпанија, над 50 загинати