Утрински Весник
Свет

Црна Гора забрани новогодишни прослави

Црна Гора забрани новогодишни прослави
Dik 300x250 mk

Од утре во Црна Гора стапуваат на сила нови мерки на Министерството за здравство за спречување на ширење на коронавирусот за време на новогодишните и божиќните празници и ќе важат до 11 јануари следната година.

Новите мерки забрануваат организирање на новогодишни прослави на отворено и затворено.

За време на верските празници ноќта помеѓу 24 и 25 декември, ноќта помеѓу 5 и 6 јануари, како и ноќта помеѓу 6 и 7 јануари, на граѓаните ќе им биде дозволено да присуствуваат на традиционалните верски церемонии под веќе дефинирани услови за посета на верски објекти и за време на верски церемонии на отворено.

Директорот на Институтот за јавно здравје, Игор Галиќ, како гостин на „ТВ вјести“ рече дека епидемиолошката крива покажува мал тренд на опаѓање, но предупреди дека интензитетот на активноста на вирусот е на многу високо ниво. Оценувајќи дека состојбата е сè уште сериозна, тој ги повика граѓаните на разбирање.

„Секој вид собирање на отворен и затворен простор носи голем епидемиолошки ризик. Немаме механизми за спречување собирање во куќите, освен да апелираме до граѓаните, бидејќи ваквиот вид собирање носи голем епидемиолошки ризик“, рече тој и додаде дека меѓу 25 и 30 проценти се позитивни во однос на тестираниот број.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски: Мора да извршиме заеднички притисок врз Путин за да ја запре војната 

Новиот пакет санкции кон Русија вклучува 69 листи на индивидуални и економски рестриктивни мерки

Северна Кореја тестираше нови суперсонични ракети