Утрински Весник
Свет

Црна Гора го укина полицискиот час

Црна Гора: Туристите кои се заразени со Ковид-19  ќе бидат третирани на трошок на државата
Dik 300x250 mk

Здравствените власти на Црна Гора донесоа одлука за укинување на полицискиот час кој важеше од полноќ до пет наутро, откако епидемиолошката состојба во земјата продолжи да се подобрува.

Новата одлука дозволува патување меѓу општините и за време на викендите, што досега беше забрането, и дозволува музика во живо на терасите во кафулињата од 19 до 22 часот, додека останува обврската да се носат заштитни маски на отворено и во затворен простор и како и забраната за групирање.

Во втората половина на април, Црна Гора речиси го нормализираше животот со ублажување на скоро сите епидемиолошки мерки.

Исто така, на почетокот на мај, со голем одзив од граѓаните, започна масовната вакцинација на населението во Црна Гора, така што за една недела беа вакцинирани скоро 17 проценти од вкупното население во таа земја со една доза.

Од почетокот на пандемијата, во Црна Гора се потврдени 98.449 случаи на коронавирус, а починаа 1.544 луѓе.

Можете да прочитате

САД и Унгарија потпишаа договор за нуклеарно гориво од 114 милиони долари

Захарова го исмеа Бајден – 24info.mk

Трамп вели дека ниту еден американски претставник нема да патува на самитот Г20 во Јужна Африка