Утрински Весник
Свет

Црна Гора ги заострува мерките – се забранува работата на дискотеките и ноќните клубови

Црна Гора ги заострува мерките – се забранува работата на дискотеките и ноќните клубови

Согласно претходните најави на црногорското Министерство за здравство, кое упорно повикуваше на почитување на пропишаните мерки и предупредувања, со напомена дека тие ќе бидат променети во случај на непочитување, од денес на сила ќе стапат нови рестрикции кои се најавени како привремени, објави „Вијести“ од Подгорица.

Од петок, 23 јули до понеделник, 2 август, привремено се забранува работата на ноќните клубови и дискотеки, и на отворено и на затворено.

Забранети се забавите и музичките фестивали, како и сите масовни собири во затворени простории.

„Вијести“ дознава дека од 2 август, престојот во внатрешноста на угостителските објекти нема да биде можен безусловно.

Во фокусот на Дирекцијата за инспекциски работи ќе биде контролата на собирите на отворено и живата музика во летните бавчи на рестораните. Доколку продолжи трендот на прекршување на мерките, ќе се разгледа укинување на дозволите или дополнително ограничување.

Можете да прочитате

На 25 септември Ердоган оди на гости кај Трамп

Зеленски: Тројца убиени и десетици ранети во рускиот напад со дронови и ракети врз Украина

САД нападнаа брод кој превезува дрога, објави Трамп