Утрински Весник
Свет

Црна Гора воведе строги мерки и полициски час

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот

Црна Гора воведе строги мерки во борбата против коронавирусот, меѓу кои е и полициски час од 21 часoт навечер до 5 часот наутро во целата држава. Мерките ќе стапат на сила в недела, 15 ноември, и ќе важат до 1 декември, со можност за продолжување.

Со новите мерки е предвидена и забрана за меѓуградски сообраќај за време на викендите.

Работното време на продавниците и угостителските објекти ќе се скрати до 20 часот, а сите собири, како и одењето на гости, ќе бидат забранети.

Носењето маски ќе биде задолжително и во угостителските објекти, а како посебна дополнителна мерка за угостителите, ќе има и поставување на плексиглас помеѓу масите.

Меѓу мерките се и забрана за групирање на повеќе од четири лица на отворено, забрана на верски собири, погреби, свадби, сите приватни собири и прослави (родендени, крштевки и други прослави).

Групните тренинзи во фитнес центрите ќе бидат забранети.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп сака Украина да го прифати мировниот договор до четврток

Претседателот на Боливија го укина Министерството за правда

Британија открива мрежи за перење пари кои ја поврзуваат земјата со Русија