Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Црвениот крст во Кичево формира мобилни тимови за поддршка на ранливи категории граѓани

Црвениот крст во Кичево формира мобилни тимови за поддршка на ранливи категории граѓани
300x250 opst2

Кичево, 18март  2020 (МИА) – Црвениот крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Кичево, од денеска почнува со реализација на активност наменета за обезбедување логистичка поддршка на ранливи целни групи на територија на градот Кичево. Во функција ќе бидат ставени два мобилни тимови кои ќе ги опслужуваат ранливте категории на граѓани на општина Кичево.

– Мобилните тимови ќе функционираат секој работен ден, од 08.30 до 12.30 часот, а нивната задача ќе биде да извршат неопходна набавка на лекови, прехранбени производи и средства за лична хигиена и истите да ги достават до домовите на старите, изнемоштени лица кои живеат сами, хронично болните лица, до семејства со лица со посебни потреби, самохрани родители кои живеат во Кичево објасни Ивана Лазеска од Црвениот крст во Кичево.

Целта на оваа активност е да им се овозможи поддршка на лицата на кои им е најнеопходна, со што тие нема да имаат потреба да ги напуштаат своите домови и на тој начин да се намали ризикот од инфицирање со вирусот Ковид-19.

Сервисната услуга што ќе ја обезбедуваат мобилните тимови ќе биде бесплатна, а граѓаните ќе одвојат финансиски средства само за артиклите или лековите кои ќе треба да им се набават.

– За повикување на мобилните тимови граѓаните ќе можат да ги користат следните телефонски броеви: 045/225-324 и 070/223-688, додаде Лазеска.рз/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Утревечер ѕвездено небо над Штип во чест на Панчо, светлината што никогаш нема да згасне

Филипче: Во програмата на Бузлевски никој не е заборавен, со него Ресен повторно ќе се развива

Османи до Меџити: Срамно лажеш дека мојот покоен татко направил дивоградба, стотици милиони евра испумпавте со дивоградби