Утрински Весник
Спорт

Циципас за прв пат ја одбрани титулата, Аугер-Аласим го загуби петтото последователно финале

Циципас избори финале во Пекинг

Марсеј, 23 февруари 2020 (МИА) – Шестиот рекет на светот Стефанос Циципас денеска во финалето на АТП турнирот во Марсеј, Франција, за 1 час 28 минути го совлада Феликс Аугер-Аласим од Канада со 6:3 и 6:4 и ја одбрани титулата.

Дваесет и едногодишниот Грк ја прослави петта победа на турнир на ниво на АТП, по осум добиени мечеви натпревари и 16 сетови во низа во Марсеј.

Аугер Аласим го загуби петтото финале во кариерата и второто по ред. Тој минатата недела, беше поразен во Ротердам од Гаел Монфилс. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026