Утрински Весник
Македонија

Централниот Одбор на ГРОМ со одлука за официјално раскинување на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ

„Вчера се одржа седница на Централниот Одбор на ГРОМ. Членовите на ЦО одлучуваа по неколку важни точки кои беа на дневен ред, а се однесуваа на дејствувањето и позиционирањето на ГРОМ на политичката сцена како и идните чекори на партијата и избор на раководни тела на партијата“, информираат од оваа партија.

Точка за одлучување од круцијално значење на Централниот Одбор, како што е додадено во нивното соопштение, било напуштање на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, а „по исцрпната дебата, Централниот одбор донесе одлука за раскинување на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ“, се додава во напишаното.

„Како насока за идно дејствување на ГРОМ се донесе заклучок дека ќе продолжиме да дејствуваме опозициски и ќе се подготвуваме за самостоен настап на следните парламентарни избори. Во работниот дел на седницата на Централниот Одбор на Граѓанска Опција за Македонија ГРОМ се донесоа одлуки за комплетирање на работните тела и раководните органи на паријата3, потенцираат од ГРОМ.

Можете да прочитате

Петровска: Секое непостапување во случајот Росица мора да биде казнето!

ЦУК информира за четири активни пожари, Трубарево и Дрисла под контрола

Утре со ведро и посвежо утро, преку денот сончево