Утрински Весник
Македонија

Центарот за одвикнување од зависности во Конопиште ги почитува мерките за превенција од коронавирус

Центарот за одвикнување од зависности во Конопиште ги почитува мерките за превенција од коронавирус

Кавадарци, 14 април 2020 (МИА) – Центарот за одвикнување од зависности во Конопиште „Нарконон Балкан”  ги почитува мерките за превенција од коронавирус,  вели извршната директорка Александра Димевска-Јокиќ и додава  дека и во вакво време-невреме успеваат да се справат со сите предизвици со кои се соочуваат.

-Успеавме да обезбедиме посебен простор за сместување на лица за кои евентуално би имало потреба од самоизолација. Имаме поставено пунктови за дезинфекција на повеќе места. Дезинфицираме на секои осум часа внатрешни и надворешни површини, внимаваме да се почитуваат сите препораки кои се јасно истакнати на повеќе места. Со согласност со корисниците на нашите услуги не се примаат посети, но редовно се одржуваат комуникации со фамилиите, појаснува Димевска-Јокиќ.

Потсетува  дека денеска се навршуваат 16 години од постоењето на капацитетот во кавадаречкото село. Таа информира  дека свеченост по тој повод ќе нема, а настанот ќе биде одбележан со низа општествено одговорни активности. Впрочем, таква беше и акцијата од пред неколку дена, кога сите од Центарот се вклучија во чистење на околината.

-Досега 168 луѓе ја имаат завршено светски познатата Нарконон програма,  со резултат од високи 90 проценти. Тоа се сега луѓе ослободени од зависности. Во моментов  имаме лица кои се тука  со цел да се оттргнат од зависноста а се дојдени од Република Нигер, Велика Британија, Бугарија, Албанија и од нашата земја. Всушност, тие ја започнаа програмата пред појавата на пандемијата од коронавирус. Паника воопшто нема, ниту кај корисниците на нашите услуги, ниту кај вработените и волонтерите во Центарот. Континуираната работа врз градењето на стабилни личности, доведува до тоа да се победат стравот и стресот кои се насекаде меѓу нас, нагласува Димевска-Јокиќ.

Таа упатува јавна порака до  луѓето, како роденденска желба од Центарот, сите да си го чуваат здравјето, да спијат доволно и да вежбаат умерено, да се грижат за себе, да избегнуваат стрес, омраза и злоба. свд/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во Прилеп почнуваат чествувањата за 23 години од Карпалак

“МЕТЕОАЛАРМ” РАНА НАЈАВА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Се очекува дестабилизирање на атмосферата, можно е невреме во Македонија

СДСМ бара смена на Гаши поради инцидентот на аеродромот, Левица му поднесе интерпелација