Утрински Весник
Економија

Цените на производителите на индустриските производи пониски на месечно, повоски на годишно ниво

Во мај раст од 1,2 проценти на индустриското производство

Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во мај годинава се пониски за 0,3 отсто на месечно ниво и повисоки за 0,2  отсто на годишно ниво, објави Државиот завод за статистика.

Според објавените податоци во мај 2020, во споредба со април 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите трајни производи за широка потрошувачка за 0,3 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8 отсто.

Во мај 2020, во споредба со мај 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите капитални производи за 0,1 отсто, трајни производи за широка потроошувачка за 3 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,4 отсто.скс/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Стразбур ја обврзува Македонија да ги врати долговите на јавните претпријатија во рок од три месеци

Угостителски услуги во ноември зголемени во однос на минатата година

Бислимоски: Покрај санкциите нема никакви проблеми во функционирањето на Лукоил Македонија