Утрински Весник
Магазин

Цените на недвижностите во Дубаи стабилни и покрај пандемијата

Цените на недвижностите во Дубаи стабилни и покрај пандемијата

Цените на недвижнoстите и изнајмувањето во некои од популарните квартови во Дубаи останаа прилично стабилни во првата половина на 2020 година и покрај ограничувањата на движењето воведени од владата за да се спречи ширењето на пандемијата на Ковид-19, според порталот Bayut.

Цените на недвижностите се намалија помалку од 4 проценти во овој период во споредба со втората половина на 2019 година.

Според истиот извор, марината на Дубаи и центарот – Dubai Marina, Downtown Dubai, Arabian Ranches, Palm Jumeirah – биле популарни кај купувачите, а станарите покажале интерес за изнајмување во области како што се Јumeirah Village Circle, Dubai Marina, Mirdif и Jumeirah.

Минатата година веб-страницата „Проперти монитор“ објави дека цените на вилите во Дубаи паднале на најниско ниво во последната деценија. Во 2019 година вилите се тргуваа помалку отколку во периодот по финансиската криза. Цените на семејните куќи потонаа 24 % до 495.500 американски долари, ниво што не е забалежано во последните 11 години и покрај глобалната рецесија и регионалните економски падови во текот на изминатата деценија.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ентони Хопкинс на 88 години објавува музички албум на кој работел 60 години

Грицки што не дебелеат и можете да ги јадете без вина

Седум интересни факти за сладоледот