Утрински Весник
Економија

Цените на горивата ќе се намалат ако Собранието ги прифати новите законски измени

Цените на горивата ќе се намалат ако Собранието ги прифати новите законски измени

Цените на горивата ќе се намалат, ама откако измените на законските решенија ќе се изгласаат во Собранието од страна на пратениците. Дотогаш, останува на Регулаторна дали ќе ја прифати препораката за на дневно ниво да се утврдуваат цени на горивата. Доколку Собранието ги прифати овие измени, тогаш, дизелот ќе чини 75 денари односно 10 денари помалку, а бензинот ќе се намали за 11 денари.

„ Измени на законот за акциза и законот за ДДВ ќе бидат испратени до Собранието. Сите пратеници имаат одговорност пред сите граѓани на оваа држава. Се наоѓаме во најголемата економска криза. Најголемите извозници на гас и метал се во војна. Одговорноста на сите партии е да го поддржат овој пакет мерки кој чини 400 милиони евра“, кажа Ковачевски.

Новите цени на горивата, кои се пониски од постојните доаѓа со намалување на ДДВ-то од 18 проценти на 5 проценти, како и со намалување на акцизата.

Можете да прочитате

Употребата на дигиталните канали за плаќања на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година

И Здравје и работа: Повиците на активистите за меѓународна арбитража за „Иловица – Штука“ се неодговорни – цената ќе ја платиме сите

UNCTAD: Критичните минерали ќе ја обликуваат идната економија, Иловица останува неискористен ресурс