Утрински Весник
Економија

Цената на бензините се намалува за 2 денари

Ss2

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,34% во однос на одлуката од 8.08.2022 година. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,34% во однос на одлуката од 8.08.2022 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,114%, кај дизелот за 2,263%, кај екстра лесното масло за 3,513%  и кај мазутот намалување за 1,290%.

Ss1

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 12.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95         88,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98         90,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)        90,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)         85,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                               52,786 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,005%.

Ss1

Можете да прочитате

Одржана редовната седница на Советот на Народната банка

АЕТМ и ВИЗА доделуваат грантови од 1000 евра за отворање на е-продавница

Доделување грантови од третиот повик на Регионалниот фонд за предизвици