Утрински Весник
Економија

Цената на бензините се намалува за два, на дизелот за 1,5 денар

Стружани со службени картички полнеле гориво во сопствените автомобили
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 9 март 2020 (МИА) – Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се намалуваат за два денара, а на дизелот и екстра лесното за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 62 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе биде 64 денари, дизелот ќе се продава по 54,50 денари, додека литар Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 43,50 денари.

За 1,495 денари поевтинува и мазутот и еден килограм ќе се продава за 28,8 денари за килограм.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати бележат намалување и тоа кај бензинот во просек за околу 6,30 отсто, кај дизелот намалувањето е во просек за околу 3,24 отсто, кај екстра лесното масло има намалување во просек за околу 3,55 отсто мазутот е намален во просек за околу 4,23 отсто. Во исто време курсот на денарот во однос на доларот во изминатиов седумдневен период е намален за два отсто.скс/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

УЈП потсетува: Рок до 31 декември за извештаи за зелените пазари

Магистралните гасоводи за кои се вложени над 143 милиони евра се уште не се ставени во употреба

УЈП со повик до организаторите на зелени пазари до 31 декември да поднесат Извештај ПДД-И/ЗП