Утрински Весник
Спорт

Целта на Реал е Мбапе, поради тоа се откажале од Влаховиќ

Целта на Реал е Мбапе, поради тоа се откажале од Влаховиќ

Фиорентина имала неуспешен обид да стопира трансферот на Душан Влаховиќ во Јувентус. „Вилетовите“, за помалку пари им го понудиле српскиот напаѓач на Реал Мадрид. Првиот човек на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез ја одбил понудата.

Радиото „Каде сер“, во една своја емисија“, објави дека во Фиренца биле подготвени да го испратат Влаховиќ во Реал и за сума помала од 75.000.000 евра. Намерата на Роко Комисо, газадата на Фиорентина била да не го продава Влаховиќ во редовите на омразениот Јувентус.

Перез одбил, бидејќи е фокусиран на трансферот на Килијан Мбапе. Не сакал да плаќа обесштетување за Влаховиќ, за да да му понуди голема плата на Мбапе.

На крајот Влаховиќ за 81.600.000 евра се пресели во Јувантус.

> Целта на Реал е Мбапе, поради тоа се откажале од Влаховиќ <

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија