Утрински Весник
Македонија

Целосно изгаснат пожарот во атарот на кичевското село Србица 

Целосно изгаснат пожарот во атарот на кичевското село Србица 

Кичево, 20 април 2020 (МИА) – Во текот на вчерашното попладне во близина на селото Србица- Кичевско избувна шумски пожар во кој беше зафатена претежно дабова и ниско стебласта шума.
Поради близината на селските куќи, на овој пожар се делуваше мошне брзо и професионално од страна на противпожарните екипи на Кичево и месното население.
Пожарот најпрвин беше локализиран, спречено неговото натамошно ширење и нешто пред полноќ пожарот целосно беше изгаснат. Висината на настанатата штета од пожарот накнадно ќе се утврдува, но најдоброто од се е што не се зафатени селските куќи, особено во опасност беше куќарката на соблекувалните од селскиот стадион. рз/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тестирана подготвеноста на противпожарните авиони во Македонија

Агенцијата за лични податоци нема гаранции дека снимките од „Сејф Сити“ нема да се злоупотребат

Алармантен раст на рак на грлото на матката – Најмлада пациентка на 18 години, бројот на нови случаи речиси двојно зголемен