Сите честички на коронавирус кои моментно циркулираат низ светот лесно може да ги собере во една лимена конзерва за сок, пресметал британски математичар обидувајќи се да прикаже колку голем проблем може да предизвика нешто толку мало.
Комбинирајќи ги светските податоци за бројот на нови инфекции и проценките за количината на вирус по лице, математичарот од Универзитетот во Бат заклучил дека во светот има околу два квинтилиона честички на коронавирус, или околу две милијарди милијарди.
Пресметувајќи ја големината на коронавирусот, во просек околу 100 нанометри, научникот Јејтс потоа го пресметал вкупниот волумен на вирусот.
Дури и кога ќе се пресметаат шилестите протеини на вирусот и фактот дека неговата тркалезна форма ќе остави простор помеѓу честичките, вкупниот волумен е сè уште помал од оној на лименка кока-кола од три децилитри.
„Неверојатно е кога ќе помислите дека сите овие проблеми, хаос, тешкотии и загуби на животи се резултат на нешто што го собира во две голтки“, вели Јејтс.
Досега, 2,34 милиони луѓе починаа од Ковид-19, а од почетокот на пандемијата има потврдено 107 милиони случаи на инфекција.