Утрински Весник
Македонија

Целата зграда за Интерни клиники ќе биде наменета за пациенти со Ковид-19

Целата зграда за Интерни клиники ќе биде наменета за пациенти со Ковид-19

Целата зграда за Интерни клиники ќе биде наменета за пациенти со Ковид-19, откако Инфективната и модуларната болница целосно се исполнија, соопшти министерот за здравство Венко Филипче, кој вели дека е активиран планот за обезбедување на дополнителни капацитети.

„Нема да се поремети нормалнот функционирање на сите овие клиники, системот Мој термин продолжува да функционира“, вели министерот Филипче.

Во моментов, Центарот за белодробни болести се уште има слободни капацитети.

Министерот Филипче соопшти дека во моментов 890 заразени од Ковид-19 се во болничките кревети.

„Во последните неколку недели имаме буквално експлозија на вирусот, како кај нас така и во регионот и цела Европа. Секаде е загрижувачка ситуацијата, се исполнуваат капацитетите, а кадарот е се поизморен. Состојбата кај нас не се разликува од овие регионални и светски трендови“, рече Филипче.

За еден месец бројката на новозаразени е зголемена двојно.
Околу 7 проценти од новозаразените имаат потреба од хоспитализација.

Филипче најави дека од утре ќе бидат на располагање дополнителни 150 болнички кревети.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен

Ведро и студено, преку денот сончево

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер