Утрински Весник
Економија

Цветковски: Градежниот сектор е погоден од кризата, локалната власт има механизми да помогне

Лани изградени над 4.000 станови
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 24 април 2020 (МИА) – Состојбата предизвикaнa од епидемијата на коронавирус ќе има негативен краткорочен до среднорочен импакт и врз градежниот сектор во државава, како една од виталните гранки на домашното стопанство. Веќе се бележат драстично негативни бројки во многу сегементи сособено во интересот за новоизградените станбени објекти што е одраз на општата несигурност кај купувачите.

Тоа се наведува во анализата на консултанската компанија за недвижности Cushman &Wakefield/FORTONKMKA,  посветена на проценка на влијанието на кризата врз пазарот на недвижности во државата. Од консултантската компанија информираат дека од почетокот на кризата минатитот месец до денес се регистрирани неколкукратни намалувања во интересот на купувачите за нови станбени единици.

-Ние како компанија редовно водиме статистика и анализиза за интересот на потенцијални купувачи за нови станбени комплекси за целата држава а собено за Скопје како најрепрезентативен случај. Нашите податоци покажуваат дека со ограничувањето на движењето и општото чувство на економска несигурност во март и април се бележи намалена посетеност на станбените комплекси на продажба за околу 83 процент или за околу пет пати намалување во однос на јануари и февруари. Ова ќе има сериозни импликации врз побарувачката за нови станови што на крајот ќе се одрази врз целокупниот перформанс на градежниот сегмент во држвата, односно неговата сопосбност да го одржи трендот на еден од главните двигатели на домашната екомија во смисла на генерирање вработување и потрошувачка на градежни материјали, вели во пишана изјава Сашо Цветковски, директор на оделот со станбен простор во Cushman &Wakefield FORTONKMKA.

Според Цветковски, има многу позитивни примери од регионот кои можат да се превземат од страна на општините за да му се помогне на градежниот сектор полесно да се справи со кризата.

-Доволно е локалната власт да размисли за воведување мерки со цел да му помогне на градежништвото. Генерално барање на повеќето градежни фирми особено од Скопје е да се намалат комуналиите до 50 проценти со што со самото намалување на цените на комуналиите неминовно ќе се намали и трошокот за градба, а со тоа и самите цени на становите. Во услови на пролонгирана криза (трендот на намалување на цените ќе продолжи, а естимацијата е дека до крајот на годината ќе достигне и до 30 проценти и многу градежни компании ќе изгубат интерес за вложување во услови на природно намалување на цената). Дополнитело, банките го стегаат обрачот на кредитирање и ако се знае дека 70 проценти од продажбите се финансираат преку банкарски кредити ова ќе значи дополнителен предизвик за сите нив. Како плус оптоварување на градежните фирми може да биде и зголемувањето на набавната цена од причина што се очекува цените на материјалите да се качуваат и тоа од минимум 10 проценти до 20 проценти како последица на факторот – недостиг на производство, нагласува Цветковски.

Сепак,  додава тој, дека под услов да се стабилизира кризата во третиот квартал од годината ќе дојде до нормализирање на побарувачката за станови што во комбиниција со преземните мерки од страна на локалната власт би ги амортизирало негативните трендови од првиот и вториот квартал од годината.лв/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра