Утрински Весник
Македонија

ОЈО Кавадарци поднесе 28 казнени налози за прекршување на полицискиот час

ОЈО Кавадарци поднесе 28 казнени налози за прекршување на полицискиот час

Скопје, 24 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе предлози за издавање казнени налози против 17 обвинети во Основниот суд Кавадарци и за 11 обвинети во Основниот суд Неготино, за лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на, соопштија од ОЈО Кавадарци.

– Обвинетите не ги почитувале мерките со кои се определува забрана за движење на населението на територијата на Република Северна Македонија во одреден временски период, па се движеле пеш низ Кавадарци или Неготино, за време додека во сила бил полицискиот час, велат од обвинителство.

За сторените кривични, обвинителството на надлежниот суд му предложи на обвинетите да им изрече парична казна во висина од 40 дневни глоби, секоја во висина од по 20 евра во денарска противвредност.​ оџ/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Апелација ја укина затворската казна за убиството на кучето Феликс – осудениот ќе плати 1.800 евра

Сиљановска-Давкова до жените во технологијата: „Ако можев јас да станам претседателка, може и секоја од вас“

Регионот копа бакар, во Македонија „Иловица-Штука“ останува блокирана