Утрински Весник
Спорт

ЦАС ги крена доживотните суспензии на руските биатлонки

ЦАС ги крена доживотните суспензии на руските биатлонки
Dik 300x250 mk

Доживотните суспензии кои ги добија руските биатлонки Олга Виљухина, Јана Романова и Олга Зајцева се кренати од страна на Судот за арбитража во спортот (ЦАС).

Триото освои сребрен медал на 4х6 километри штафетата на Олимпијадата во Сочи, но во 2017 медалите им беа одземени по истрагата во рускиот допинг. ЦАС ги крена суспензиите против трите и објави дека резултатите на Виљухина и Романова се вратени, откако Виљухина освои и сребро на 7.5 километарскиот спринт.

Во образложението тие велат дека се работело само за „сомнеж за потенцијално прекршување на правилата“.

„ЦАС заклучи дека ниту едно од обвинувањата за допингување против двете спортистки не е докажано“, се вели во одлуката на ЦАС.

ЦАС исто така утврдија дека Зајцева ги прекршила допинг-правилата, но дека казната требало да биде само за следната Олимпијада, во Пјонгчанг во 2018, наместо суспензијата да биде доживотна.

> ЦАС ги крена доживотните суспензии на руските биатлонки <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата