Утрински Весник
Македонија

Царовска на средба со СОНК: Реформите во образованието се прават транспарентно и со вклученост на сите страни

Царовска на средба со СОНК: Реформите во образованието се прават транспарентно и со вклученост на сите страни

Министерката за образование и наука Мила Царовска денес се сретна со претседателот на СОНК, Јаким Неделков и други претставници од синдикатот.

Како што информираат од ресорното министерство, на состанокот се разговарало за претстојниот реформски процес во основното образование и за предложената нацрт-концепција.

Претставниците на СОНК и министерката се согласиле дека реформите во образованието се нужни и треба да се направат, но и потенцирале дека синдикатот е важен парнер во носењето на новата концепција и спроведувањето на реформите.

„Со предложената концепција за секое дете во државата ќе бидат достапни позитивни и современи модели на учење кои во моментот може да си ги дозволат само дел од граѓаните, а наставниците ќе добијат слобода во организирањето на наставата, но и кариерен развој и можности за унапредување“, рекла Царовска додавајќи дека за првпат во последната деценија во нашата држава во делот на образованието се прават реформи на исклучително транспарентен начин и со вклученост на сите страни.

Во дебатата за концепцијата од самиот почеток се вклучени раководството на СОНК и регионалните претставништва на СОНК, експерти, професори и други засегнати страни и меѓународни организации и институции како УНИЦЕФ, Светска банка, УСАИД, британска и швајцарска амбасада, Делегација на ЕУ, потенцираат од МОН.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор