На редовен координативен состанок на министерката за образование и наука Мила Царовска со директорите на средните училишта во државата, се разговараше за финалните подготовки со цел успешен старт на учебната година, која согласно одлука на Владата, а на предлог на МОН и на препорака на Комисијата за заштита од заразни болести, ќе започне на 1 септември со настава со физичко присуство на учениците.
„Задоволна сум што оваа година сите училишта подготвителните активности ги почнаа порано од вообичаеното во изминатите години и што одговорноста е подигната на значително повисоко ниво, заради остварување на заедничката цел, а тоа е да обезбедиме квалитетна настава за учениците и при тоа да го заштитиме нивното, а со тоа и да придонесеме кон заштита на јавното здравје“, рече Царовска.
За учениците, додаде таа, нема подобра алтернатива од настава во училница.
„Така ќе стекнат повеќе и поквалитетни знаења, а интеракцијата со врсниците и со наставниците е од големо значење за нивната социјализација и правилен психофизички раст и развој“, рече Царовска.