Утрински Весник
Македонија

Царовска: Над 90 проценти од учениците успешно следат онлајн настава

Царовска: Над 90 проценти од учениците успешно следат онлајн настава

На ниво на цела држава, 90,2 % успешно следат онлајн настава, рече министерката за образование и наука Мила Царовска при денешната работна посета на Општина Прилеп.

„За останатите девет проценти, наставата се следи преку телевизија, но и со доставување на печатени материјали до учениците. Благодарност до Националната радиотелевизија заради тоа што овозможи 15-минутни часови да се одвиваат и на телевизија. Како МОН сме задоволни од моделот на настава којшто се избра заедно со Владата, а тоа е комбиниран, дел со физичко присуство дел со онлајн настава“, изјави Царовска.

Во наредниот период следува оценувањето на учениците, а до 20 ноември треба да се утврди и првото тромесечје. Царовска укажа дека и наставниците и учениците ќе имаат поддршка за сите предизвици коишто ќе се јават.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски изјави дека на територијата на општината не се забележани потешкотии во изведувањето на наставата од далечина, додека наставата со физичко присуство се одвива соласно протоколите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Муцунски: Ќе бидеме прва земја во Европа која во мандатот на оваа администрација ќе оддржи стратешки дијалог со САД во Вашингтон

Убиство во Охрид: Осомничениот уапсен неколку часа по злосторството

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата