Утрински Весник
Македонија

Царовска: Има три сценарија за почетокот на учебната година

Царовска: Има три сценарија за почетокот на учебната година

Министерството за образование и наука подготви три сценарија за старт на учебната година од први септември кои заедно со протоколите денеска беа презентирани на Главниот координативен кризен штаб.

Министерката, Мила Царовска, вели дека МОН сериозно се подготвува за успешно спроведување на наставата во услови на пандемија со што ќе се обезбеди континуитет во учењето, но и заштита на здравјето.

„Министерството за образование и наука е подготвено за спроведување на сите три сценарија, но очекуваме да почнеме со првото сценарио. Сите во Владата сме согласни дека најдобро е сите ученици од први септември да се вратат во училишните клупи под протоколите за заштита од Ковид-19. Ова е првото и најпосакуваното сценарио, но сепак неговата примена ќе зависи од епидемиолошката состојба за што одлука ќе донесе Комисијата за заразни болести”, рече Царовска.

Второто сценарио, рече министерката, е да се оди со хибридниот модел, а планот е со физичко присуство настава да следат учениците од 1-4 одделение, додека останатите ученици наставата да ја следат на далечина.

Третото сценарио, пак, предвидува враќање на сите ученици во училиштата под здравствени протоколи со ротација на присуството на учениците на една недела.

Можете да прочитате

Денес се празнуваат Светиот маченик Агапиј и седумтемина со него: Публиј, Тимолај, Ромил, двајца Александри и двајца Дионисии

Влатко Стефановски во Сплит го прими Порин за животно дело и го претстави новиот албум Muscle Memory 

Променливо време со пообилни врнежи – снег на планините