Утрински Весник
Македонија

Царовска: Доколку наставник се зарази од коронавирус, ќе се ангажира негова замена

Царовска: Доколку наставник се зарази од коронавирус, ќе се ангажира негова замена

Министерката за образование Мила Царовска денеска зборуваше за протоколите за заштите од коронавирусот во училиштата и информираше дека доколку наставникот кој држи настава со физичко присуство се зарази од коронавирусот ќе се ангажира заменски наставник, бидејќи тој ќе треба да замине во домашна изолација.

„Доколку наставникот се зарази од вирусот, но се чувствува добро може да продолжи со онлајн настава. Но доколку не е во можност тогаш се ангажира негова замена. Во никој случај не е дозволено групирање на повеќе од 20 ученици во една иста просторија или како што беше во нормални услови спојување на часови“, рече Царовска.

Дали учениците кои биле во контакт со заболениот наставник треба да одат во домашна изолација ќе одлучува епидемилог кој ќе направи анкета со наставникот, учениците и нивните родители.

Во секој случај Царовска и Филипче кажаа дека епидемиолозите ќе го имаат последниот збор дали ќе има потреба цело одделние од 20 ученици кое имало контакт со заболениот наставник да оди во изолација.

Доколку пак одреден ученик пројави симптоми на коронавирусот, исто така заминува во домашна изолација, по претходно направена епидемиолошка анкета.

Сепак како што кажаа надлежните, ситуацијата ќе се контролира секојдневно со тоа што ученикот или наставникот кој има покачена температура нема да може да влезе во училиштето.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, ДУИ и Левица се разобличени, не им поминува лошиот политички театар со кој свесно го блокираат Изборниот законик

СДСМ: Изборниот законик не е услов за ЕУ, туку спроведување фер избори се услов!

Повеќе пожари беснееја во Струмичко – спасени куќи и верски објект од пламените јазици