Утрински Весник
Економија

Царовска: Граѓанските организации да ги пријавуваат сознанијата за кршење на работнички права

Царовска: Граѓанските организации да ги пријавуваат сознанијата за кршење на работнички права
Dik 300x250 mk

Вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска, одржа редовен координативен состанок, на којшто присуствуваше дополнителната министерка за труд и социјална политика ,Санела Шкријељ, претставници од граѓанските организации „Гласен текстилец“, „Хелсиншки комитет“, претседателот на ССМ Дарко Димовски, како и претседателката на Инспекцискиот совет и директорите на неколку инспекторати.

Вицепремиерката Царовска истакна дека Владата вложува максимални напори да направи баланс во заштитата на работниците и поддршка на работодавачите. Исто така ги повика граѓанските организации да ги пријавуваат сознанијата за кршење на работничките права, а инспекторатите да постапуваат по преставките кои стигнуваат до нив од работниците и граѓаните.

На интернет состанокот, се дискутирало и за спроведувањето на мерките и препораките на Владата во делот на заштита на работничките права, инспекциските надзори, почитувањето на протоколите од страна на работниците и компаниите и можностите за користење на државна помош во случај на губење на работа.

Текстот Царовска: Граѓанските организации да ги пријавуваат сознанијата за кршење на работнички права е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Промената на времето не е проблем за бизнисот, туку неусогласеноста на божиќните празници и недела неработен ден

Кнауф дел од Розовиот октомври

Божиновска: Зависноста од еден извор е ризик од минатото