Утрински Весник
Македонија

Царовска: Го стабилизравме пензискиот систем и оезбедивме повисоки пензии

Царовска: Го стабилизравме пензискиот систем и оезбедивме повисоки пензии

Скопје, 30 јуни 2020 (МИА) – Успеавме да поместиме три парчиња од мозаикот кои се однесуваат на подобрување и на животниот стандард на пензионерите, развој на посебни услуги кои ќе ги поддржуваат, но и да го стабилизраме пензискиот систем кој е значаен и за сегашните и за идните пензионери. Покрај тоа, успеавме и да ја покачиме просечната пензија, рече вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска по средбата со здуженијата на пензионери.

Таа потенцира дека Владата работела две години на тоа да заштеди 3,7 милијарди денари во Пензискиот фонд, со што, како што рече, обезбедила стабилни пензии и за сегашните пензионери, но и стабилен Пензиски фонд за идните генерации.

– Во периодот на стабилизација на Пензискиот фонд, ние постојано ги зголемуваме пензиите. За време на реформите ја зголемивме просечната пензија за 824 денари, додека во 2020 година поради економскиот раст и растот на платите, и минималната и просечната, добивме дополнителни 722 денари за секој за 324 илјади пензионери. Преку програмите на МТСП и со поддршка на Светската банка обезбедивме и дополнителни финаниски средства општините, заедно со здуженија на граѓани на локално ниво да обезбедуваат услуги за поддршка во домот, рече Царовска која со претставници на МТСП, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ и претставници на здружението „Хуманост“, оствари средба со членови на Сојузот на здруженијата на пензионери.

Таа напомена дека оваа власт обезбедила и социјална пензија, за лица кои не испонуваат услови по ниту еден основ. Со тоа, рече Царовска, обезбедивме социјална сигурност за 6.611 лица над 65 години. Според неа, со претставниците на пензионерите се согласиле дека во наредниот период треба да биде зголемена и минималната пензија.

Дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ истакна дека еден од поважните сегменти на социјалната реформа е и развојот на социјалните услуги на локално ниво.

– Оваа здравствено економска криза го покажа тоа дека на општинско ниво е потребно развој и испорака на услуги кон најранливите вклучително и возрасните лица. МТСП измзинатиот период успеа да се прилагоди брзо на кризата и во 27 општини во соработка со граѓански здруженија да испорача услуги и сервиси за најранливите категории, односно за 1.500 корисници, рече Шкриељ.

Во наредниот период, потенцира таа, МТСП со партнерите како Светска банка, планира системско развивање на услугите како помош и нега во домот. Обезбедивме, рече Шкриељ, над 10 милиони евра и во тек е развојот на проектни апликации со општините за да се озбебеди кавалитетн и достоинствен живот за сите наши сограѓани особено за највозрасните.

Од здружението Хуманост, кое како што посочуваат 22 години развива ваков тип услуги, велат дека тие се од исклучителна важност  за ранливите категории, особено за повозрасните.

Креирањето на сервиси, според нив, треба да биде по мерка на граѓаните. Сите локални самоуправи, како што посочуваат, треба да ги воочат потребите на своите жители и согласно тоа да ги креираат сербисите за поддршка.

Градоначалникот на Центар, Богдановиќ по средбата истакна дека како општина во изминатите неколку години покажале дека знаат како да издвојат свои средства и да им помогне на граѓаните  на кои тоа им е потребно преку социјални сервиси. Покажавме, рече Богдановиќ, дека можеме да им бидеме подршка за граѓаните кои се во поодминати години. сст/сп/

Царовска и Богдановиќ на средба со пензионерите

Posted by MИА.mk on Вторник, 30 јуни 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

УХМР со најнова прогноза – еве какво ќе биде времето следната недела

Во Собранието доделена државната награда „22 Ноември“ – Авзи Мустафа и Африм Османи добитници

Изложбата „Украина Љубов и Војна“, сведоштва за животот во Украина 2014 – 2024