Утрински Весник
Македонија

Царовска: ВМРО-ДПМНЕ напразно манипулира и тие ги планирале истите реформи

Царовска: ВМРО-ДПМНЕ напразно манипулира и тие ги планирале истите реформи

Министерката за образование и наука Мила Царовска, одговарајќи на прашање на пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, дали има план и концепт за реформите во образованието, истакна дека МОН и владата продолжуваат интензивно да работат на сите реформски процеси со точно утврдени рокови и порача дека опозицијата наместо да дава конструктивни предлози ги манипулира наставниците, родителите и учениците и ги блокира процесите во Собранието.

„Денеска ја отворив вашата предизборна програма и во делот на образованието замислете вие ветувате дигитализација, платформа за е -учење, подготовка на видео материјали од наставници и подготовка на дигитални учебници. Сето тоа за коешто ние денеска зборуваме. Да бевте конструктивна опозиција ќе се вклучите во овој процес и ќе работевте на подобрување и осовременување на образованието. Но вие се обидовте да манипулирате со родители, наставниците и најтрагично со децата”, рече Царовска.

Министерката истакна дека 12 години ВМРО -ДПМНЕ имало можност да направи образование како во развиените земји, но, како што кажа, парите биле потрошен на „глупости и на лични интереси“.

„Од ова се обидуваме и денес да се отплеткаме, од ексклузивни права за учебници коишто се екстремно неквалитетни, наставни програми кои ги плативте 3 милиони евра”, рече Царовска.

Можете да прочитате

МВР да го објави целосниот полициски извештај за случајот со претепаните млади во Сарај, бара ДУИ

МНР со реакција до Бугарија за приемот на Ива Михајлова

Николоски: Почнуваме со изградба на автопатот Букојчани-Кичево, шести автопат што се гради во Македонија